Линкови за пристапност

Преговори САД – Талибан


Преговори САД – Талибан
Преговори САД – Талибан

Авганистански преговарачи на Талибан се среќаваат со американски претставници во Катар за серија дискусии чија цел е градење доверба меѓу двете страни пред мировните разговори што претстојат.

Маулави Каламудин, кој некогаш предводел религиозна полиција, во неделата кажа дека делегацијата вклучува неколку поранешни официјални лица, како и поранешниот секретар на талибанскиот лидер Мула Омар.

Каламудин кажа дека разговорите вклучуваат можно ослободување на талибански затвореници од американскиот центар за притвор во Гвантанамо, Куба. Тој додаде дека делегацијата отпатувала за Катар од Пакистан, можен знак дека Исламабад го поддржува мировниот процес.

Пакистанските официјални лица одбија да коментираат за улогата на државата во контактите меѓу Талибан и САД. Но, портпаролот на Министерството за надворешни работи повтори дека Исламабад ќе продолжи да придонесува за постигнување мир и стабилност во Авганистан.

Исто така во недела, Пакистан кажа дека Министерката за надворешни работи Хина Рабани Кар ќе отпатува за Авганистан во среда да разговара за војната против тероризмоти напорите за политичко помирување чија цел е завршување на десетгодишниот конфликт.

Кар се очекува да се сретне со нејзиниот пакистански колега, Залмаи Расул, и да „има телефонски разговор“ со претседателот Хамид Карзаи.

XS
SM
MD
LG