Линкови за пристапност

Талат Џафери влезе во премиерскиот кабинет


Талат Џафери денеска официјално влезе во Илинденска 2 каде се изврши примопредавањето на премиерската функција. Претходниот премиер Ковачевски и новоизбраниот имаа куса средба во кабинетот од кој Џафери во наредниот период до и по двојните мајски избори ќе раководи со владата.

Примопредавање на Илинденска, Џафери седна во премиерското столче
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:36 0:00

„Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни, фер и демократски редовни во директна, отворена и законита процедура и соработка со Собранието, Државната изборна комисија и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европската Унија и САД, ќе ги спроведе сите законски, институционални, организациски и оперативни предуслови за спроведување на јасната волја на граѓаните, со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во процесот во изборната кампања и самите избори, односно да се одржат избори со целосен легалитет, легитимитет и консензуално прифаќање на изборната волја на граѓаните“, изјави премиерот Талат Џафери.

Според новиот премиер останатите клучни цели на неговата влада ќе бидат унапредување на стратешкото партнерство со Европската Унија, НАТО и САД што, како што изјави Џафери, е порака дека нема алтернатива за западната ориентација на земјата.

Неговиот претходник и посака успешна работа на владата во која учествува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и повика сите заедно да работат во интерес на граѓаните.

„Апелирам до сите политички субјекти кои од денеска партиципираат во владата да го имаат во предвид целиот актуелен контекст. Ја повикувам владата и сите в неа, независно од политичката припадност, да работат во интерес на граѓаните, економијата, стабилноста и безбедноста. Владата успева да воспостави систем кој функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, тисе се целосно во интерес на граѓаните. Очекувам сите да покажат политичка волја за да се прдолжи и одржи економската и политичката стабилност и да се одржат фер и демократски избори како што доликува на членка на НАТО и кандидатка за членство во ЕУ“, рече поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ иако учествува во оваа „Пржинска“ влада која не ја поддржа вчера во Собранието, ниту пак нејзините министри се појавија на заедничкото фотографирање, продолжува со критките на сметка на СДСМ и на ДУИ и реагира зошто токму Џафери е премиер.

„Почитувани, Македонија ги доживува најсрамните времиња приредени од Ковачевски и СДС. СДС на поклон ја даде Македонија на ДУИ, Ахмети и Талат Џафери, само за да си ги спасат фотелјите, само за да продолжат со криминалот и корупцијата го направија Талат Џафери или командант Форина премиер на Македонија. Дното е достигнато“, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа не ја спречи опозицијата да ги преземе ресорите за внатрешни работи и за труд и социјала. Нов шеф на МВР е Панче Тошковски, а Ѓоко Велковски е нов министер за труд. Ова е трета влада по „Пржински“ модел – првата беше за изборите во 2016, а втората во 2020. Претходните искуства покажаа дека ваквите влади во кои два ресора и заменици во 3 министерства има опозицијата не секогаш функционираат добро.

XS
SM
MD
LG