Линкови за пристапност

Тајван очекува поголема соработка со новата администрација


Трамп има изјавено дека е отворен за повторно обновување на американската политика со Тајван, но колку од тоа ќе биде официјално останува да се види.

Дипломатски изолираниот Тајван се надева на поголема воена соработка и размена на посети на високо ниво откако Доналд Трамп ќе дојде на функцијата во петок, иако и двете страни најверојатно ќе бидат внимателни за да избегнат жестока реакција од Кина.

Трамп минатата недела изјави дека е отворен за повторно обновување на американската политика со Тајван. Кина, која тврди дека има суверенитет над Тајван се противи на било какви односи на САД со Тајван, барајќи од тајванската делегација да не присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Аналитиларите во Тајпеј и САД очекуваат дека администрацијата на Трамп ќе работи со Кина против Тајван на одржувањето на она што е познато под политичкиот термин „Една Кина“.

Трамп сепак се очекува да има силни неформални односи со Тајван кои ги одржува уште од 1970-тата година. Вашингтон ги прекина официјалните врски со Тајван во 1979 година, определувајќи се за поголемата и брзо растечка Кина.

XS
SM
MD
LG