Линкови за пристапност

САД се движат кон рутинско продавање на оружје на Тајван


Вашингтон ќе го третира Тајван како нормален партнер за безбедносни системи, помошник секретарот за одбрана за азиско-пацифички прашања Рендал Шрајвер кажа во Фондацијата Херитиџ, а тоа значи дека продажбата на оружје може да стане порутинска, со елиминирање на неизвесноста што виси над Тајван и Кина за време на чекањето.

Американската владина продажба на оружје на Тајван обично започнува со тивко барање од Тајпеј, кој сака ново оружје за својата одбрана од посилната Кина. Потоа, американскиот оддел за одбана го разгледува барањето со месеци пред да даде препорака за продажбата во Конгресот. Овој процес нема рокови, што е фрустрирачко за Тајван, додека Кина се противи на секоја одобрена продажба.

Со предлогот на помошник секретарот ќе се прекине овој циклус на неизвесност и лутина, а некои аналитичари велат дека планот е веќе во фаза на реализација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG