Линкови за пристапност

Клинтон го посети Плоштадот Тахрир во Каиро


Клинтон го посети Плоштадот Тахрир во Каиро
Клинтон го посети Плоштадот Тахрир во Каиро

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го посети Плоштадот Тахрир во Каиро, епицентарот на востанието што го собори автократскиот египетски лидер Хосни Мубарак минатиот месец.

Клинтон во среда кажа дека посетата на плоштадот била „голем потсетник на моќта на човечкиот дух и желбата за слобода и човекови права и демократија“.

Таа беше поздравена од египетските граѓани и се ракуваше со многумина на плоштадот пред да се сретне со египетскиот премиер Есам Шараф.

Клинтон е на дводневна посета на Египет чија цел е да ја охрабри транзиционата влада на земјата да се придвижи напред со реформите. Таа исто така треба да се сретне со про-демократски активисти.

Вчера на Египќаните Клинтон им кажа дека „моментот во историјата“ им припаѓа ним. Таа зборуваше на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи во Каиро, Набил Елараби, при што повтори дека САД се подготвени да ги поддржат Египќаните во „потрагата по сонот на демократија“.

XS
SM
MD
LG