Линкови за пристапност

Тајванскиот де факто амбасадор во САД се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на САД, потег што ја налути Кина


Де факто амбасадорот на Тајван во Соединетите држави се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, соопшти во средата тајванското Министерство за надворешни работи, што наиде на жесток прекор од Пекинг.

Соединетите Американски Држави се најважниот меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје на Тајван и покрај недостатокот на формални дипломатски врски со островот, кој Кина го смета за своја територија.

Александар Јуи ја презеде својата нова функција минатиот месец, заменувајќи го Хсијао Би-ким, кој сега се кандидира за потпретседател на изборите во Тајван во сабота.

Тајванското Министерство за надворешни работи соопшти дека Јуи му се заблагодарил на Конгресот на САД за неговата долгорочна, меѓупартиска поддршка за Тајван и посветеноста на зајакнувањето на одбраната на островот.

Се вели дека ова е прв пат двајцата мажи да се сретнат.

Кина организираше воени игри околу Тајван во август 2022 година, откако тогашната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајпеј, а во Пекинг кинеското Министерство за надворешни работи изрази гнев на средбата Џонсон-Јуи.

Американските законодавци треба „да престанат да испраќаат погрешни сигнали до сепаратистичките сили за независност на Тајван и не смеат да интервенираат во изборите во регионот на Тајван во каква било форма“, изјави портпаролот Мао Нинг за новинарите.

Кина рутински се спротивставува на каква било форма на она што го смета за официјални контакти меѓу тајванските и американските официјални лица, велејќи дека тоа е мешање во внатрешните кинески работи. Пекинг вели дека Тајван е најчувствителното и најважното прашање во кинеско-американските односи.

Тајванската влада се противи на кинеските барања за суверенитет, велејќи дека Народна Република Кина никогаш не владеела со островот и нема право да зборува за него или да го контролира, бидејќи само народот на Тајван може да го направи тоа.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG