Претставникот на СЗО, Фабио Скано, кој во изминатите денови ја скенирал ситуацијата во земјава, вели дека нема простор за спуштање на гардот.
Она што сега го гледаме во Северна Македонија е загрижувачки. Поуката што треба да ја извлечеме е дека се до пронаоѓање на делотворна вакцина не смееме да го спуштиме гардотФабио Скано, советник на СЗО за Европа
„Она што сега го гледаме во Северна Македонија е загрижувачки. Поуката што треба да ја извлечеме е дека се до пронаоѓање на делотворна вакцина не смееме да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се преземат деновиве, но и во неделите и месеците што претстојат ќе бидат критично важни за да се спречат нови случаи на заразени и да се спасат нови животи. Она што го гледаме во светот покажува дека вирусот нема набрзо да си замине, напротив, забрзано се шири и затоа треба да направиме се што е потребно да се спротивставиме и да бидеме чекор пред него“ изјави Фабио Скано, советник на СЗО за Европа.
Ги пофали реакциите на властите како силни, агилни и навремени. Сепак, препорача да се продолжи со контролите и тестирањата, навреме да се изолираат позитивните случаи, да се менаџираат собирите на поголеми групи, за да се прекине ланецот на пренесување на вирусот. Клучно, според Скано, е населението да соработува.
Министерот за здравство предупреди дека овој бран е посилен од првиот и дека граѓаните мора да се придржуваат до мерките на претпазливост.
Нашиот систем е подготвен и прилагоден на новата состојба, ја следиме состојбата на болничките капацитети и медицинскиот персонал. Она што е најважно е поддршката од граѓанитеВенко Филипче, министер за здравство
„Нашиот систем е подготвен и прилагоден на новата состојба, ја следиме состојбата на болничките капацитети и медицинскиот персонал. Она што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега е поважно од кога било да се помогне во спречување во ширење на вирусот“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Во последните 24 часа во земјава регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19, 6 починати и 75 оздравени пациенти.