Линкови за пристапност

Нападнат безбедносен тим на ОН во Сирија


Инспекторите и натаму чекаат пристап до Дума, каде се верува дека бил извршен нападот со хемиско оружје

Извори на ОН за Гласот на Америка, изјавија дека било пукано врз безбедносен тим на Обединетите нации којшто бил во извидничка мисија во Дума, Сирија, местото каде се верува дека беше извршен напад со хемиско оружје.

Според истите извори, членовите на тимот не биле повредени и се вратиле во главниот град Дамаск.

Инспектори од Глобалната организација за забрана на хемиско оружје, чекаат да влезат во Дума за да утврдат дали таквото оружје се употребило во нападот во кој загинаа десетици лица.

Сириската државна телевизија и волонтерската спасувачка група „Бели шлемови“, рекоа дека одделно, припадници на Организацијата успеале да влезат во Дума и ги утврдуваат фактите.

Инспекторите пристигнаа во Сирија во саботата, кога САД, Велика Британија и Франција извршија ракетен напад врз објектите за хемиско оружје, но првично не им беше дозволен пристап во Дума.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG