Сириските бунтовници велат дека ќе присуствуваат на мировните преговори во Казахстан, следната недела, со цел да се стави крај на шестгодишната војна во државата.
Официјални лица изјавија дека преговорите во Астана, на 23-ти јануари ќе бидат фокусирани на прекинување на огнот, хуманитарните прашања и на насилството на режимот.
Разговорите ги поддржаа Русија и Иран, кои ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал-Асад, како и Турција, која ги поддржува бунтовниците.