Линкови за пристапност

Привремен прекин на нападите во Сирија


Целта на паузата што Москва првично ја најави во понеделникот, е да им се овозможи на цивилите да го напуштат градот. ОН ја поздравија руската одлука. ОН ја поздравија одлуката, а тие претходно побараа да се воведат дводневни хуманитарни паузи во борбите, еднаш неделно.

Русија соопшти дека руските и сириски сили ги прекинале бомбашките напади врз Алепо воочи осумчасовната хуманитарна пауза планирана за во четврток.

Целта на паузата, која Москва првично ја најави во понеделникот, е да им се овозможи на цивилите да го напуштат градот, заедно со болните, ранетите или бунтовниците кои сакаат да заминат од него.

ОН ја поздравија одлуката, а тие претходно побараа да се воведат дводневни хуманитарни паузи во борбите, еднаш неделно.

Во најновите напади од понеделникот во северниот дел на Алепо загинаа најмалку 23 лица.

САД и одредени европски држави ги обвинуваат Русија и Сирија за воени злосторства во Алепо, но руските претставници го порекнуваат тврдењето.

XS
SM
MD
LG