Линкови за пристапност

„Пријателите на Сирија“ бараат политичко решение за кризата


Дипломатите дискутираат за зголемување на поддршката за оние кои бараат заминување на Асад од функцијата.

Министрите за надворешни работи од 11 нации кои ја поддржуваат сириската опозиција се среќаваат во четврток во Лондон, во обид да се напредне политичкото решение за кризата во државата и да се даде помош на оние кои се погодени од годините на граѓанска војна.

Средбата чиј домаќин е британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хеиг, ги донесува заедно таканаречените Пријатели на Сирија. Неговата канцеларија вели дека дипломатите ќе дискутираат за тоа како „значително“ да се зголеми поддршката за оние кои бараат сирискиот претседател Башар ал-Асад да ја напушти функцијата.

Меѓународните напори за прекин на борбите во Сирија се замрени, главно заради неуспехот да се одржат директни разговори меѓу завојуваните страни порано годинава.

Средбата во четврток инволвира учесници од САД, Британија, Египет, Франција, Германија, Италија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Турција и Обадинетите Арапски Емирати.

САД објавија дополнителни 27 милиони долари во помош за опозицијата овој месец, донесувајќи ја цифрата на помош до 287милиони долари. Сојузниците на опозицијата исто така дадоа обука и логистичка поддршка на бунтовничките борци и лесно оружје.
XS
SM
MD
LG