Линкови за пристапност

САД истражуваат можен хемиски напад во Сирија


САД велат дека има индикации оти отровни хемикалии овој месец биле ослободени во област под контрола на бунтовниците во Сирија.

Портпаролката на Стејт департментот во понеделник кажа дека САД го разгледуваат наводите дека сириската влада е одговорна за тоа.

Таа рече дека има докази оти индустриски токсични хемикалии, најверојатно хлор, биле употребени во градот Кфар Зеита.

Во неделата, францускиот претседател Франсоа Оланд кажа дека Франција исто така има индикации дека хемиско оружје се` уште се употребува во Сирија.

Владата на претседателот Башар ал-Асад се согласи минатата година да го уништи своето хемиско оружје, како дел од договорот за де-ескалирање на тензиите по зголемениот меѓународен пририсок.

Вашингтон и неговите сојузници велат дека силите на Асад ослободиле гас сарин минатата година, причинувајќи смрт на стотици луѓе.

Сириската влада ги обвини бунтовниците во сириската граѓанска војна, што сега е во нејзината четврта година.
XS
SM
MD
LG