Линкови за пристапност

Сириската влада се заканува со повлекување од разговорите


Двете страни се` уште одбиваат да се сретнат директно и разговорите во Женева започнаа со посредство на медијатор од ОН.

Сириската влада се закани дека ќе ги напушти мировните разговори со опозицијатадоколку двете страни не започнат, како што рече „сериозна сесија“ до сабота.

Ултиматумот, емитуван на сириската државна телевизија, дојде кога двете страни не успеаја да се сретнат лице-в-лице, како што се очекуваше во петок, на првиот ден од формалните мировни разговори во Женева.

Претставниците на владата и на бунтовниците наместо тоа се среќаваат во посебни простории со медијаторот од ОН Лакдар Брахими, кој оди од едни до други.

Ривалските делегации не покажаа знаци за компромис и двете се закануваа дека ќе се повлечат од долгоодложуваните разговори, кои започнаа во среда.

Опозицијата вели дека нема директно да преговара со владата доколку таа не се согласи да се разговара за заминување на претседателот Башар ал-Асад. Дамаск одби, обвинувајќи ги бунтовниците за поддршка на тероризмот.
XS
SM
MD
LG