Линкови за пристапност

ОН го поканија Иран на разговорите за Сирија


Главната опозициска партија на Сирија се заканува со повлекување на своето учество

ОН официјално го поканија Иран да се приклучи на долгоочекуваните мировни преговори за Сирија, кои започнуваат во среда во Швајцарија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун изјави дека верува оти „Иран треба да биде дел од решението во Сирија“ и оти иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф го уверил дека Иран ја разбира основата на разговорите.
Главната опозициска партија Сириската национална коалиција е против учеството на Иран во разговорите и се закани дека нема да учествува ако Бан не ја повлече поканата.

Стејт департментот соопшти дека САД остануваат „длабоко загрижени“ за иранската поддршка на владата на сирискиот претседател Башар ал- Асад и оти Иран мора јавно ги прифати целите на мировната конференција или во спротивност ќе биде изземен од од разговорите.
XS
SM
MD
LG