Норвешки и дански морнарички тимови, на пат за отстранување на хемиско оружје од Сирија, се вратија назад и се упатија кон Кипар додека рокот до крајот на годината за отстранување на најголем дел на отровите од државата измина без да биде исполнет.
Портпарол на норвешките вооружени сили за Гласот на Америка кажа дека два контејнерски бродови заедно со придружба од воени бродови, биле распоредени за преземање на отровниот карго за процесoт на уништување под меѓународен надзор.
Тој кажа дека бродовите се подготвувале за застанување заради полнење гориво во кипарското пристаниште Лимасол пред веројатното враќање во Сирија „по Новата Година“.
Официјален претставник од Организацијата за забрана на хемиско оружје кажа дека безбедносните грижи и бирократијата се примарни причини што владата на Башар ал-Асад го пропуштила вторничкиот рок.
Лошото време и сложени мултинационални процедури за опремата исто така ја одложиле опрацијата.