Обединетите нации велат дека долгоочекуваната сириска мировна конференција ќе се одржи на 22 јануари во Женева.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун датумот го соопшти во понеделник, велејќи дека очекува сириската влада и опозицијата да присуствуваат со „сериозна намера“ за прекинување на војната во земјата.
Бан додаде дека би било „непростливо да не се искористи оваа можност.“
Целта на овие разговори е двете страни да се согласат на политички договор што ќе преодна власт со целосни извршни ингеренции.
Со месеци беше одлагана ваква конференција заради прашања во врска со тоа кој би учествувал и под какви услови.
Соопштението од ОН не вклучи детали за тоа кој ќе присуствува, но кажа дека Бан очекува „сите регионални и меѓународни партнери“ да покажат поддршка за конструктивни разговори.
Сирискиот конфликт започна во март 2011 како мирен протест со кој се бараа реформи, дел од бранот на народни востанија кои се ширеа низ Блискиот исток и Северна Африка. Ситуацијата се разви во граѓанска војна што однесе над 120.000 животи и принуди милиони да ги напуштат своите домови.