Линкови за пристапност

Сирија го испочитува првиот рок


Организацијата што врши надзор потврди дека Сирија ја уништила опремата за производство на хемиско оружје.

Меѓународна организација што го надгледува сириското уништување на програмата за хемиско оружје вели дека државата го исполнила рокот за уништување на опремата употребена за правење на оружјето.

Организацијата за забрана на хемиското оружје во четврток кажа дека инспекторите верификувале дека Сирија покажала дека опремата на сите свои декларирани локации е неоперативна.

Сириската влада имаше до петок да го комплетира тој дел од договорот што сега бара Сирија да детализира како ќе ги уништи резервите на хемиско оружје до средината на следната година. Тој план треба да се исполни до 15 ноември.

Исто така во четврток, групата за човекови права Амнести интернешенал објави извештај повикувајќи ги соседите на Сирија, особено Јордан, да обезбедат засолниште за сириските бегалци, кои би можеле слободно да влегуваат и да не бидат враќани од границата назад во Сирија.
XS
SM
MD
LG