Линкови за пристапност

Русија и Франција притискаат за меѓународна контрола на сириското хемиско оружје


Американскиот претседател Барак Обама рускиот план за ставање на резервите на Сирија под меѓународна контрола го нарече потенцијален пробив

Русија и Франција работат на одвоени планови за ставање на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола, откако таа идеја се појави како начин да се постапи по заканата од хемиски напади во граѓанската војна на државата и потенцијално да се избегнат американски воени напади.

Рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторник кажа дека официјални лица подготвуваат „конкретен план заедно со Сирија, и очекуваат наскоро да го претстават предлогот на другите нации.

Американскиот претседател Барак Обама рускиот план за ставање на резервите на Сирија под меѓународна контрола го нарече потенцијален пробив, но нагласи дека тоа нема да се материјализирало ако немало закана од воена акција.

Во Париз, францускиот Министер за надворешни работи Лорен Фабиус кажа дека Франција е подготвена на Советот за безбедност на ОН да му предложи резолуција која повикува Сирија да ја открие својата програма за хемиско оружје и да ја предаде на меѓународната заедница да ја разгради. Тој кажа дека резолуцијата би вклучила „сериозни“ последици доколку Сирија не се придржува на тоа.

Советот за безбедност не можеше да се согласи на претходните мерки за санкционирање на Сирија, со Русија и Кина практикувајќи го правото на вето за блокирање на три претходни резолуции против владата на Претседателот Башар ал-Асад.

Подоцна во вторник, Обама ќе отиде на Капитол Хил да се сретне со законодавците во обид да добие поддршка за мерката на авторизирање американска воена акција против Сирија. Сепак, во серија интервјуа доцна во понеделникот, тој нагласи дека „во голема мерка“ преферира дипломатија како начин да се одврати Сирија од употреба на хемиско оружје. Претседателот ќе го искористи телевизисото обраќање во вторник навечер за дискусија на ситуацијата.
XS
SM
MD
LG