Линкови за пристапност

Кери: Сирија е „ужасна и станува полоша“


Претседателот Обама ќе даде интервјуа за шест големи телевизиски мрежи пред обраќањето од Белата куќа, во вторник.

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека ситуацијата во Сирија е „ужасна и станува полоша“. Кери зборуваше во понеделник во Лондон, на прес конференција со британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хeиг среде растечките очекувања во врска со воена акција против сириската влада заради нивниот наводен напад со хемиско оружје на нивниот сопствен народ.

Првиот дипломат на САД кажа дека САД имаат докази дека сирискиот режим дал наредби за нападот.

Хеиг кажа дека сирискиот претседател Башар ал-Асад покажал „убиствена негрижа“ за дообросостојбата на својот народ, и дека Вашингтон ја има целосната поддршка од Британија во однос на Сирија.

Порано во понеделникот сирискиот Министер за надворешни работи Валид ал-Моалем кажа дека американски воен напад би можел да ги осуети обидите за одржување на мировна конференција во Женева за договарање решение за сирискиот конфликт.

Тој зборуваше на заедничка прес конференција во Москва со рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров отфрли армиска интервенција од надвор во Сирија, велејќи дека „нема алтернатива на мирољубива солуција“ на кризата во Сирија.

Администрацијата на Обама лансираше дводневни активности да ги убеди Конгресот и американскиот народ за тоа што вели дека е потреба за воен напад на Сирија.

Главните безбедносни советници ќе имаат брифинзи со законодавците неделава, зад затворени врати и отворени состаноци. Претседателот Барак Обама ќе даде интервјуа за шест поголеми телевизиски мрежи во понеделник пред да се обрати на нацијата од Белата куќа, во вторник навечер.

Администрацијата исто така дели видео снимки на своите сојузници, на американските законодавци и известувачи, на кои се покажани цивилни жртви на нападот со хемиско оружје. Американски претставници велат дека имаат докази што потврдуваат без сомнение дека армијата на Асад пуштила отровен гас во предградија на Дамаск минатиот месец, убивајќи над 1.400 лица.

Како што велат официјалните лица тие сакаат да ја деградираат и да ја одвратат способноста на Сирија повторно да употреби хемиско оружје. Тие велат дека ништо да не се направи ќе води кон повеќе напади со отровен гас и поширока војна.

Претседателот Обама вети дека ќе бара конгресно одобрение пред да реагира. Но многу во Конгресот неговиот план за Сирија го нарекуваат нефокусиран, и велат дека би можел да ги вовлече САД во друга војна.
XS
SM
MD
LG