Линкови за пристапност

Сиријците загрижени и резигнирани во однос на можниот напад


Некои во Дамаск се подготвуваат за евентуалноста Вашингтон да употреби воена сила.

Одложувањето на донесувањето одлука од страна на САД, одредени групи во Дамаск ја прифатија со доза на олеснување, надевајќи се дека Вашингтон ќе ја повлече заканата за воена акција или дека добиле повеќе време за подготовка.

Сана Насер е генерална секретарка на Новата сириска партија, опозициона група одобрена од владата. Таа вели дека претседателот Барак Обама ја „намалил“ својата одговорност со предавање на одлуката да биде донесена од Конгресот.

Таа верува дека законодавците ќе одобрат воена акција, особено сега, кога САД ставија на готовс многу ресурси. Денешната заедничка американско-израелска воена вежба над Медитеранот, само ги зајакнува ваквите опции.

Насер сепак одбива евентуалната акција на САД против Сирија да ја нарече напад.

Во телефонска изјава од Дамаск таа вели дека тоа е агресија против една суверена држава, од една членка на ОН врз друга, што според неа е кршење на меѓународното право.

Анас Алџазајри е член на Сириската опсерваторија за жртви на насилство и тероризам, што во голем дел ги отсликува владините ставови, не се согласува. Тој смета дека претседателот Обама ја сфаќа тежината на војна со Сирија.

„Не се плашиме, не сме загрижени и убедени сме дека Сирија нема да биде погодена“, смета Алџазајри.

Но, доколку се случи, тој додава дека сириската влада и армија се подготвени. Тој вели дека тоа не е случај само за последниве две ипол години колку што трае конфликтот, кога САД и останатите лидери од Запад го повикаа претседателот Башар ал-Асад да поднесе оставка на функцијата. Овој експерт вели дека се работи за исчекување старо 30 години, што започнало уште со тензиите меѓу Западот и таткото на ал-Асад, покојниот Хафез Ал-Асад.

Антиамерикански и провладини погледи не е тешко да се најдат во Дамаск. Децении на цензура и конформизам оставиле длабоки траги.

Некои припадници на опозицијата се надеваат дека одолговлекување на напад, би им дало повеќе време да ги убедат притаените противници на Асад да дојдат на нивна страна.

Сана Насер од Новата сириска армија зборува против владата заради корупција и злоупотреба на власта, за апсења на граѓани без присуство на налог. Но таа додава дека тоа не значи дека заедно со другите истомисленици ќе стои и ќе гледа како земјата е нападната од надвор.

Насер најави формирање на нова национална група за заштита од напад, и потенцира дека е една од првите жени кои се пријавиле како доброволци.
XS
SM
MD
LG