Главните дипломатски и одбранбени претставници на претседателот Барак Обама се подготвуваат да сведочат во вторник пред тело на Сенатот во врска со неговото барање за авторизирање на американска воена акција во Сирија.
Државниот секретар Џон Кери, секретарот за одбрана Чак Хегел и командантот на Здружениот генералштаб, генералот Мартин Демпси, треба да се појават пред сенатската Комисија за односи со странство.
Обама кажа дека сака конгресно одобрение пред лансирање на армиски напад врз Сирија заради наводната употреба на хемиско оружје против цивили.
Претставници на Белата куќа продолжуваат со состаноци зад затворени врати на кои ги брифираат законодавците во обид да ја добијат нивната поддршка за планот на Обама.
Сенаторите Џон Мекејн и Линдзи Грем кажаа дека биле охрабрени по средбата со претседателот во понеделникот, но дека сакаат да видат некои промени во предлогот. Мекејн изрази потреба за ослабување на способноста на сирискиот претседател Башар ал-Асад додека во исто време се помагаа опозицијата на Асад.
Исто така во вторник, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ќе ги брифира членовите на Советот за безбедност за најновиот развој во Сирија.
Бан се сретна со раководителот на тимот за инспекција на ОН што во Сирија беше минатата недела за собирање на примероци од хемискиот напад врз цивили блузу Дамаск, минатиот месец. Нападот уби најмалку 1.400 луѓе. Примероците биле испратени во лаборатории во понеделникот за анализа.
Во меѓувреме Асад негира дека неговата армија е одговорна за употребата на хемиско оружје, велејќи дека САД и Франција немаат доказ за поткрепување на такви наводи. Во интервју за францускиот весник Фигаро, тој предупреди дека воен напад од тие држави може да започне регионална војна.
Русија, долготраен сириски сојузник, исто така го поставува прашањето за кредибилитетот на американските докази дека владата на Асад употребила хемиско оружје врз цивили.