Линкови за пристапност

Гласање во ОН за Сирија


Резолуцијата го осудува насилството во Сирија и ја повикува владата на државата да дозволи пристап на истражители од ОН.

Генералното собрание на ОН се очекува да усвои резолуција во среда со осуда на насилството во Сирија и повик до владата на државата да дозволи пристап на истражители од ОН.

Необврзувачката резолуција, чиј нацрт е изработен од Катар, ја поздравува главната опозициона коалиција како „ефективен“ учесник потребен за политичката транзиција во Сирија. Таа го забележува широкораспространетото меѓународно прифаќање на групата како легитимен претставник на сирискиот народ.

Резолуцијата исто така бара Сирија на тимот на ОН да му даде пристап за истражување на наводната употреба на хемиско оружје. Тимот авторизиран од генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун е подготвен за заминување, но Сирија не му дозволи влез во земјата.

Русија се противи на резолуцијата, и дипломатите велат дека документот се очекува да добие помалку поддршка отколку претходната резолуција на Генерлното собрание усвоена во август.
XS
SM
MD
LG