Линкови за пристапност

Советот за безбедност ја заврши мисијата во Сирија


Членовите се согласиле дека условите за продолжување на сегашната мисија не биле исполнети и таа ќе истече во недела.

Советот за безбедност на ОН соопшти дека дозволува мандатот на набљудувачката мисија во Сирија да истече во недела, но се надева да воспостави политичка канцеларија во земјата потресена од борби.

Сегашниот претседател на советот, францускиот амбасадор Жерар Аруд во четврток кажа дека членовите се согласиле дека условите за продолжување на сегашната мисија не биле исполнети. Официјални лица на ОН проценуваат дека околу 2,5 милиони Сиријци имаат потреба од помош заради насилството.

Соопштението на Советот за безбедност доаѓа еден ден откако сириски армиски авион уби повеќе од 40 цивили и рани повеќе од 100 други во граничниот северен град Азаз што е под контрола на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG