Линкови за пристапност

САД го поздравија суспендирањето на Сирија од ОИС


САД ја пофалија Организацијата за исламска соработка заради суспендирањето на Сирија од 57-члениот блок.

Во соопштение по потегот, портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд кажа дека одлуката на ОИС испраќа „силна порака“ на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад за нејзината се` поголема меѓународна изолација.

Суспендирањето доаѓа во време кога Советот за безбедност на ОН планира да одржи сесија на која ќе се дискутира ситуацијата во Сирија. Мандатот на набљудувачката мисија на ОН во земјата истекува во недела.

Хуманитарниот шеф на ОН, Валери Амос, за новинарите во Дамаск изјави дека околу 2,5 милиони Сиријци имаат потреба од помош заради насилството.
XS
SM
MD
LG