Сирија го осудува нападот врз владина воена позиција од страна коалицијата предводена од САД. Сириски претставници соопштија дека притоа загинале неколку лица, а била причинета и материјална штета.
Сирија додава дека воздушните напади близу границата со Јордан, ги попречуваат напорите на сириската армија и нејзините сојузници да се борат против Исламската држава.
Русија, близок сојузник на сириската влада, нападите против воени владини позиции ги нарече „неприфатливи“.
Во четвртокот, американски официјални лица соопштија дека коалиционите бомбардери нападнале просириски владини сили кои продолжуваат да ја прекршуваат „зоната без конфликти“, поставена околу армиска база, каде специјални сили обучуваат сириска милиција.
Портпаролот на Американската централна команда, мајорот Џош Жакус, за Гласот на Америка изјави дека про-сириските владини сили формирале конвој, северозападно од базата Ал Taнф, и со булдожери, оклопни, артилериски и технички возила, почнале да креираат борбени позиции за нивните тенкови.
Facebook Forum