САД планираат да распоредат преку 400 војници за да ги обучуваат умерените сириски бунтовници во борбата против групата Исламска држава.
Обуката се очекува да започне во март.
Пентагон вели дека Турција, Катар и Саудиска Арабија се согласиле да бидат домаќини на сесиите за обука.
Програмата за обука е дел од повеќегодишниот план на претседателот Обама за поддршка на локалните сили во Сирија за спречување и повлекување на борците на Исламската држава, додека траат воздушните напади врз Сирија под водство на САД.