Линкови за пристапност

Убиен уште еден Американец-џихадист во Сирија


Според извештаите, Абдирахман Мухамед заминал од Минеаполис да се бори за Исламската држава.

Според извештаите, Американец со сомалиско потекло е второто лице од САД убиено додека се борело на страна на милитантите во Сирија.

Локална тв-станица во Минеаполис го идентификува човекот како Абдирахман Мухамед, кој заминал од областа да се бори за Исламската држава.

Од истиот извор се дознава дека Мухамед загинал во истата престрелка како и Даглас Мекејн, 33-годишникот, исто така од областа на Минеаполис, чија смрт во Сирија порано неделава беше потврдена од Советот за национална безбедност.

Минеаполис, сојузната држава Минесота, е дом на голема сомалиско-американска заедница. Преку 10 млади момчиња заминале да се борат во Сирија, заведени од исламскиот радикализам.

XS
SM
MD
LG