Линкови за пристапност

Белата куќа ја потврди смртта на Американец кој се борел во Сирија


Американските власти знаеле за неговото присуство на страната на милитантите.

Портпарол на Белата куќа ја потврди смртта на Американец за кој се верува дека се борел на страната на милитантите во Сирија.

Портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хајден кажа дека властите знаеле за присуството на Даглас Мекејн во Сирија.

Во меѓувреме, американскиот новинар Питер Куртис, ослободен од сириски милитанти кои го држеле две години во заложништво, се врати дома.

Белата куќа соопшти дека нема планови да ја координира со Сирија борбата против милитантите на Исламската држава. Ова од причини што САД не го признаваат режимот на претседателот Башар ал-Асад како лидер на Сирија, и тоа засега нема да се промени.

XS
SM
MD
LG