Меѓународните експерти ќе започнат со инспекција на сирискиот хемиски арсенал до вторник, според планот што треба да се одобри од главната мониторинг група за хемиско оружје во светот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје ќе гласа доцна во петок по предлог-резолуцијата што повикува на инспекција во рок од 30 дена на сите локации каде се верува дека има хемиско оружје.
Според нацрт-резолуцијата Сирија треба на инспекторите да обезбеди пристап до која било друга локација за која постојат информации дека била вмешана во програмата за хемиско оружје во Сирија.
Доколку се усвојат барањата ќе станат дел од нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност со која би се официјализирал планот за претседателот Башар Ал Асад да се откаже од неговото хемиско оружје до средината на 2014-та година.