Линкови за пристапност

Обама бара поддршка за акција во Сирија


Сепак, многумина законодавци се и натаму скептични и со прашања дали армијата воопшто треба да биде вмешана.

Претседателот Барак Обама во Белата куќа денеска се среќава со влијателниот републикански сенатор Џон Мекејн. Тој веќе подолго време бара од претседателот да преземе воена акција во Сирија, по можност и отстранување на претседателот Башар Ал-Асад од власт.

Сепак, многумина законодавци се и натаму скептични и со прашања дали армијата воопшто треба да биде вмешана.

Американски официјални лица брифираа одредени законодавци за разузнавачките информации дека сириската армија минатиот месец употребила сарин врз цивили во предградие на Дамаск, при што загинаа преку 1.000 лица.

Меѓународната поддршка за воена интервенција во Сирија и покрај можната употреба на хемиско оружје, слабее. Сепак, генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен денеска подвлече дека нешто мора да се стори, бидејќи, како што кажа, неодговарањето ќе значи испраќање на мошне опасен сигнал до диктаторите ширум светот, дека можат да користат хемиско оружје без каква и да е реакција на меѓународната агенција.
XS
SM
MD
LG