Линкови за пристапност

Во Сирија употребено хемиско оружје?


Белата куќа тврди дека доказите сепак не се доволно силни за да се направи радикална промена во политиката на САД по ова прашање.

Белата куќа соопшти дека американските разузнавачки агенции, цитираме, со променливо ниво на увереност, веруваат дека сириската влада го употребила мали количини на гасот сарин за да ги растера бунтовниците против режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Белата куќа инсистира дека доказите сепак не се доволно силни за да се направи радикална промена во политиката на САД по ова прашање.

Секретарот за одбрана Чак Хегел, кој се наоѓа на турнеја по Блискиот Исток, излезе со став дека дека употребата на хемиско оружје од страна на сириската влада значи прекршување на секаква конвенција за водење војна.

Претходно, претседателот Обама кажа дека употребата на хемиско оружје од страна на режимот ќе биде пречекорување на „црвената линија“ што ќе ги промени принципите на ангажирање на САД по прашањето. Што тоа ќе значи сега, ако наводите се точни, треба да се види.
Во конфликтот од март 2011-та, наваму загинаа најмалку 70.000 лица.

Во меѓувреме, британскиот премиер Дејвид Камерон потврди дека постојат се` повеќе докази дека сириската влада користела хемиско оружје врз бунтовниците.
XS
SM
MD
LG