Линкови за пристапност

САД и Русија ги продолжија разговорите за Сирија


Американски претставници рекоа дека во моментов пречките се од техничка природа.

Државниот секретар Џон Кери во Женева ги продолжи преговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров за прекин на огнот во Сирија.

За време на посетата на Британија, пак, секретарот на одбрана Еш Картер истакна дека и натаму има бројни пречки за постигнување мировен договор, но претседателот Барак Обама смета дека вредно е да се вложи напор.

Американски претставници рекоа дека во моментов пречките се од техничка природа. Клучното несогласување вклучува одредба дека нема да има опсада на Алепо.

Администрацијата на претседателот Обама на неколкупати кажа дека не постои воено решение за да се стави крај на петгодишната криза во Сирија.

XS
SM
MD
LG