Линкови за пристапност

Нападот врз Сирија може да се случи брзо, или да не биде воопшто брзо


Напиша на Твитер претседателот Трамп, ден откако најави дека проектилите се на пат кон Сирија

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека никогаш не кажал кога точно ќе се случи нападот врз Сирија, како одговор на наводниот хемиски напад. На неговиот Твитер профил напиша: „Може да се случи многу брзо, или нема да се случи воопшто брзо“.

Ден откако предупреди дека „проектилите се на пат“ кон Сирија, Трамп изјави дека „САД, со администрација под мое претседателство, направија одлична работа во борбата против Исламската држава во овој регион“.

Белата куќа соопшти дека Трамп размислува да изврши проектилски напад врз Сирија, како една од опциите да одговори на последниот наводен хемиски напад, при кој беа убиени најмалку 40 лица.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција има доказ оти хемиското оружје било искористено од режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, нагласувајќи дека Франција ќе одговори кога ќе одлучи да го направи тоа.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека поддржува испраќање порака оти користење на хемиско оружје е неприфатливо, но, дека нејзината држава нема да биде дел од каква било воена акција.

Официјални лица и аналитичари во Вашингтон велат дека силен воен одговор од САД се очекува во наредните денови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG