Претседателот Доналд Трамп рече дека Русија треба да биде подготвена, бидејќи проектилите се на пат кон Сирија. Ваквата изјава на претседателот уследи откако рускиот амбасадор во Либан претходно изјави дека руските сили ќе ги соборат сите проектили упатени кон Сирија.
„Не треба да бидете во сојуз со некој што ги убива неговите луѓе и ужива во тоа“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.
Русија одговори дека американските проектили треба да бидат насочени кон „терористи“, а не кон „легитимната Влада“ на Сирија.
Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков денес изјави дека сите страни инволвирани во Сирија треба да се воздржат од активности, кои можат да го дестабилизираат регионот.
Ситуацијата во Сирија стана уште повеќе алармантна, по наводниот хемиски напад во источна Гута, изминатиов викенд, при пто беа убиени најмалку 40 лица.
САД и неколку од нивните сојузници ги посочија сириските сили како одговорни за нападот, додека Русија и Сирија негираа каква била одговорност на претседателот Башар ал-Асад за овој напад.
Facebook Forum