Линкови за пристапност

Оланд: Различни интервенции во Сирија ќе го разгорат конфликтот


Францускиот претседател ја потенцира итната потреба да запрат борбите, како и да се обноват преговорите

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја критикува турската воена акција во Сирија, велејќи дека „ многукратни контрадикторни интервенции“ претставуваат ризик за разгорување на конфликтот.

Оланд исто така ја потенцираше итната потреба да запрат борбите во Сирија, како и да се обноват преговорите.

Неговите коментари уследија ден откако американскиот секретар за одбрана Ештон Картер ја повика Турција да „остане фокусирана“ во борбата против Исламската држава, и да не влегува во судир со курдските сили.

„САД даваа голема поддршка, и многу ја поддржуваа Турција во се` што направи да го обезбеди делот помеѓу границата и градот Јараблус“, рече Картер во Пентагон во понеделникот.

САД соопштија дека курдските сили потврдиле дека ќе се повлечат источно од реката, еднаш штом Манбиј е исчистен од силите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG