Линкови за пристапност

Дополнителни руски воени авиони ја напуштаат Сирија


Државниот секретар Џон Кери наредната недела ќе ја посети Москва

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска Сирија ја напуштиле дополнителни воени авиони, а во Женева продолжуваат индиректните мировни преговори со посредство на ОН.

Државниот секретар Џон Кери наредната недела планира да отпатува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин за најновиот развој на настаните и новите напори за мир во Сирија.

Кери кажа дека ќе оствари средба и со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, се` со цел изнаоѓање политичко решение за петгодишниот конфликт.

Интензитетот на борбите во Сирија е значително намален веќе три недели по ред.

Но американскиот шеф на дипломатијата подвлече дека одржлив мир е невозможен доколку сирискиот претседател Башар Ал Асад е и натаму на власт.

XS
SM
MD
LG