Претставникот на ОН за Сирија, Стафан Де Мистура денеска во Женева започна нова рунда мировни преговори, предупредувајќи дека единствената алтернатива на преговорите, е враќање на, цитираме, уште полоша војна од досегашната.
Во обраќањето пред средбата со делегацијата од Сирија, де Мистура кажа дека од сирискиот народ зависи како ќе одлучи за својата иднина, а ОН мора да му помогнат.
Тој додаде дека планот е да се одржат индиректни разговори со секоја од страните околу 10 дена, а потоа повторно да продолжат на почетокот на април. Де Мистура ја потенцираше и потребата од продолжување на прекинот на огнот и поголем пристап за хуманитарната помош за земјата.
Сепак, неизвесно е што секоја од страните е подготвена да прифати, со цел прекин на борбите од кои досега животот го загубија преку 250.000 лица, а милиони беа приморани да ги напуштат своите домови.
Сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем предупреди дека во преговорите не е судбината на сирискиот претседател Башар Ал Асад, додека опозицијата и други земји, вклучувајќи ги и САД, рекоа дека за да биде постигнат мир, Асад мора да поднесе оставка на функцијата.