Линкови за пристапност

Инспекторите за хемиско оружје во Дума, само ако постојат безбедносни услови


Вчера тие не стигнаа до местото на неодамнешниот напад со хемиско оружје, каде што десетици лица загинаа, а многумина беа повредени

Tим инспектори за хемиско оружје се надеваат дека ќе почнат да работат во сирискиот град Дума, ако постојат безбедносни услови за тоа.

Вчера тие не стигнаа до местото на неодамнешниот напад со хемиско оружје, каде што десетици лица загинаа, а многумина беа повредени, бидејќи безбедносниот тим на ОН, кој проверуваше дали подрачјето е безбедно, наиде на стрелба од огнено оружје и експлозија.

Според извори на Гласот на Америка, никој од членовите на тимот за безбедност на ОН, не бил повреден.

САД и нејзините сојузници ја обвинуваат владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека Русија и Сирија инсистираат дека немало хемиски напад.

Инспекторите се наоѓаат во Сирија од саботата, истиот ден кога САД, Велика Британија и Франција започнаа ракетен напад врз три објекти со хемиско оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG