Линкови за пристапност

Мал оптимизам за мировните разговори за Сирија


Вашингтон ги повика сите страни да пристапат кон преговорите без предуслови

Во Женева продолжија кревките индиректни преговори за ставање крај на речиси петгодишниот конфликт во Сирија, додека обете страни меѓусебно се обвинуваат за недостаток на добра волја.

Претставникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, присуствуваше на денешните разговори со делегација која ја претставувала Владата на претседателот Башар ал-Асад. Toj објави дека разговорите официјално започнале доцна синоќа, по дводневниот состанок со опозицијата.

Вашингтон ги повика сите страни да пристапат кон преговорите без предуслови. Воедно, постои загриженост за ескалација на насилството. Во интервју за Гласот на Америка, сенаторот Боб Коркер, кој претседава со сенатската Комисија за надворешни односи, кажа дека разговорите почнуваат од тешка појдовна основа. „Секако дека поддржувам дипломатски разговори, како и секој друг, но мислам дека во моментов елементите не се на вистинското место.

XS
SM
MD
LG