Сирија најави дека нејзините сили утре ќе почнат со прекин на огнот.
Договорот се однесува на сириската војска и на спротивставените бунтовници, но не на милитантните групи како Исламската држава.
Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, и Турција која ги поддржува бунтовничките групи, вели дека ќе го гарантира прекинот на огнот.
Москва и Анкара беа вклучени во интензивни преговори изминатите неколку недели. На почетокот на месецов, тие постигнаа договор за прекин на огнот и евакуација на бегалците од бунтовничката област во сирискиот град Алепо.
Минатата недела, министрите за надворешни работи на Турција, Иран и на Русија се сретнаа во Москва да преговараат за Сирија.