Коалицијата под американско водство која се бори против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, вели дека градот Рака е 95 проценти под контрола. Ова се случува еден ден Сириските демократски сили поддржани од САД, по неколкумесечните борби, објавија победа.
Портпаролот на коалицијата, Рајан Дилон, кажа дека завршните операции продолжиле и денеска.
Портпаролот на Сириските демократски сили, составени од курдски и арапски паравојници, соопшти дека борбите во Рака прекинале и дека силите го пребаруваат градот за остатоци на ИД и мини.
По завршувањето на процесот се очекува да биде издадена и официјална декларација.
Рака важеше за главен град на терористичката организација Исламска држава, која самопрогласи калифат во бројни области што ги зазема во Сирија и Ирак во 2014-та година.
Facebook Forum