При серија екслозии на камион-бомби во североисточна Сирија загинаа најмалку 22 лица известуваат набљудувачите во петокот, за време на последниот акт на насилство, што уследи по новиот бран на дипломатија во Сирија.
Бомбите експлодирале до здравствен центар и пазар во курдскиот град Тел Тамер во провинцијата Хасекех, според известувањето на Сириската опсерваторија за човекови права.
Оваа организација со седиште на Британија, која има мрежа од контакти во Сирија, вели дека има најмалку десетина повредени од нападите во четвртокот, додавајќи дека бројот на мртви најверојатно е поголем.
Тел Тамер е под контрола на курдските сили коишто со месеци се борат со екстремисти на ИСИЛ во таа област со поддршка од воздушни напади од коалиционите сили предводени од САД.
Во меѓувреме, дипломати од САД, Русија и ОН денес се среќаваат во Женева на разговори како да се придвижи напред мировниот процес во Сирија.
Состанокот доаѓа еден ден после постигнатиот договор помеѓу неколку сириски опозициски групи за рамковен договор за понатамошни разговори со администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.