Линкови за пристапност

Кери: Сириската транзициона влада без Асад


Американскиот државен секретар вели дека не ја гледа иднината на Сирија со сегашниот режим на власт.

Државниот секретар Џон Кери кажа дека транзиционата влада на Сирија не треба да го вклучи претседателот Башар ал-Асад.

Кери, по средбата со јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џуда во Рим денеска кажа дека целта е постигнување на политичко решение помеѓу сириската влада и опозицијата на Асад.

Шефот на американската дипломатија изјави дека тоа „јасно значи“ дека сирискиот претседател нема да биде дел од транзиционата влада.

Сириската главна опозициона коалиција долго бара каков било мировен процес да почне со Асад и главните безбедносни претставници да заминат од функциите.

Порано неделава Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изразија надеж подоцна месецов да се организира меѓународна конференција за започнување мировни разговори.
XS
SM
MD
LG