Линкови за пристапност

Нова офанизива против Исламската држава во Сирија


Ова е последен регион под контрола на терористичката група, во близина на границата со Ирак

Сириските сили, со поддршка на САД, отворија нова офанзива против Исламската држава во последниот регион под контрола на оваа терористичка група, во близина на границата со Ирак.

Сириските демократски сили, во сојуз со курдските и арапските паравојници, Глобални коалициони сили и други локални партнери, ги продолжија напорите по краткиот прекин, кој се случи по турскиот напад на сирискиот регион Африн, на почетокот на годината.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт денес изјави дека „борбата ќе биде тешка, но, ние заедно со партнерите, ќе успееме“.

Сириските сили, поддржани од САД нанесоа тежок пораз на Исламската држва, но, милитантите се` уште контролираат регион, во близина на границата со Ирак.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG