Линкови за пристапност

Турција бара „безбедносна зона“ за бегалците од Сирија


Засега добиваат мала поддршка за коалиционите партнери

Турските власти бараат поддршка од коалиционите сили, за да се обезбеди заштитна линија од 10 километри во внатрешноста на сириската страна од границата, околу градот Азаз. Причина: да се заштитат десетици илјади раселени цивили и да се избегне нивно влегување во Турција. Властите велат дека за идејата добиваат мала поддршка од коалициските партнери, како што се САД.

Вицепремиерот Јалчин Акдоган, во средата изјави дека таквата безбедносна зона исто така би помогнала да се спречат обидите за „менување на демографската структура“ во областа, со препорака до курдските сили, кои се соочуваат со еднонеделни офанзиви од силите на сирискиот претседател Башар ал Асад да заземат неколку села и градови близу границата со Турција од бунтовничките милитанти, вклучувајќи и некои, кои се помогнати од САД.

Турските власти ги обвинија курдските сили, Единиците за заштита на граѓаните или (ЈПГ), за обид за „демографска промена“ во северниот дел на Сирија, преку дислоцирање на туркмените и суниските арапски заедници. Курдските единици за заштита, го негираат ова но, има не е тајна нивната желба да се обединат курдските кантони долж границата.

Турција се наоѓа под зголемен притисок од западните сили и хуманитарните заедници да ги отворат границите и да примат цивили кои бегаат од налетот на жестоките борби во Алепо, Сирија. Секојдневно се зголемува бројката на цивили на границата. Хуманитарните работници предупредуваат дека нема ниту доволно храна, ниту шатори.

XS
SM
MD
LG