Линкови за пристапност

Хуманитарни конвои влегоа во источна Гута


Повиците за прекин на борбите во сириската област, за да се овозможи достава на помошта, претходно беа игнорирани, а сириските сили и натаму се обидуваат да го заземат ова предградие на Дамаск

Обединетите нации и денеска соопштија дека конвоите со хуманитарна помош успеале да влезат во запоседната област во источна Гута, којашто е под контрола на бунтовниците.

Според сириската делегација во Меѓународниот црвен крст, конвојот од 46 камиони носел храна за околу 28.000 лица, медицински материјали, додека хуманитарната канцеларија на ОН, вели дека „голем дел од клучните медицински производи, не било дозволено да се достават“.

Денешниот конвој е еден од првите на којшто им било дозволено да влезат во источна Сирија во период од речиси три недели.

Советот за безбедност на ОН претходно побара 30-дневен прекин на огнот во Сирија, за да се дозволи помошта да стигне до цивилите, вклучувајќи ги и 400.000 лица во источната Гаута, но повеќе од една недела по усвојувањето на резолуцијата, немаше никакви знаци таа да стапи на сила.

Истовремено, Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, објави петчасовен прекин на борбите, и заедно со сириската влада ги обвини бунтовниците за спречување на цивилите да го напуштат предградието на Дамаск.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG