Линкови за пристапност

Во Сирија бил употребен нервниот гас сарин


Ова го потврди Меѓународната организација за забрана за хемиско оружје, остро осудувајќи го нападот во април

Меѓународната организација за забрана за хемиско оружје, потврди дека при мисијата на проверка на фактите, нервниот гас сарин бил употребен во смртоносниот напад во Сирија.

Генералниот директор на организацијата, Ахмет Узумсу, во соопштението истакна дека „остро го осудува ова злосторство, коешто целосно е во спротивност со нормите од Конвенцијата за хемиско оружје“. Сторителите на овој ужасен напад, мора да бидат одговорни за нивните злосторства“.

Заедничката истрага на ОН и Меѓународната организација за забрана за хемиско оружје, сега ќе утврдува кој е одговорен за нападот во април, во кој загинаа најмалку 87 лица, вклучувајќи жени и деца.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG