Линкови за пристапност

Инспектори собираат примероци од нападот со хемиско оружје во Дума


Меѓународните претставници подоцна ќе направат лабораториски испитувања за да утврдат дали имало напад со хемиско оружје

Инспекторите од Организацијата за забрана на хемиско оружје пристигнаа во Сирија и треба да собeрат примероци од Дума, локација каде се случи неодамнешниот наводен напад со хемиско оружје за кој беше обвинет сирискиот претседател Башар ал Асад. Примероците потоа ќе бидат испратени на лабораториски испитувања. Сепак, организацијата нема да донесе одлука за тоа кој е одговорен за нападот, туку само ќе одреди дали имало или немало хемиски напад.

Најмалку 40 лица загинаа, а стотици беа повредени во минатонеделниот напад во Дума и во источна Гута, предградие на Дамаск.

Сирија негираше дека било користено хемиско оружје.

Иако Русија предупреди за можноста за вооружен конфликт со САД, заради Сирија, претседателот Доналд Трамп го свика Совет за национална безбедност за да разговара околу одговорот на САД за неодамнешниот наводен напад врз хемиското оружје.

„Не е донесена конечна одлука“, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс.

Но поради шпекулациите дека нападот предводен од САД, заедно со неколку сојузници би можел да биде неизбежен, Трамп јавно ја предупреди Русија дека „проектилите кон Сирија доаѓаат“ за подоцна на Твитер да објави дека „никогаш не можеме да кажеме кога ќе се случи напад врз Сирија.“

Русија ги повика сите страни вклучени во Сирија да се воздржат од акции што можат да го дестабилизираат регионот.

(Стив Херман, Сем Верма, Френк Робинсон, Маргарет Башир, Џеф Селдин и Јулија Алиева)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG