Линкови за пристапност

Засега се почитува прекинот на огнот во Сирија


И покрај „некои инциденти“, и во текот на третиот ден, примирјето, генерално се почитува

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во понеделникот изјави дека и покрај „некои инциденти“ прекинот на борбите во Сирија и во текот на третиот ден се почитува добро.

Тој исто така изјави дека мултинационалната работна група за набљудување на примирјето, работи на тоа да се осигураат дека насилството не се шири и дека прекинот на борбите може да продолжи.

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан Марк Ајраулт, повика на состанок на работната група „без одложување“ за да се разговара за пријавените воздушни напади во области под власт на бунтовниците.

Прекинот на огнот започна во саботата и има пријавено повеќе случаи на насилство од обете страни.

XS
SM
MD
LG