Линкови за пристапност

Нова рунда мировни преговори за Сирија


И опозицијата и сириските претставници учествуваат во денешните разговори во Женева

Сирискиот центар за мониторинг на човекови права изјави дека прекинот на огнот во три провинции во јужниот дел на државата, главно се почитувал со неколку извештаи за насилство, додека Сириската влада и бунтовниците се подготвувале да ја отворат последната рунда мировни разговори на Обединетите нации, со цел да се стави крај на шестгодишниот конфликт.

Американските, руските и јорданските дипломати го адресираа прекинот на огнот, викендов, на Самитот на групата Г-20 во Хамбург, Германија

Додека во мировните разговори не учествувале ниту Сириската влада, ниту опозицијата, сириско официјално лице за Ројтерс изјавило дека Владата на претседателот Башар Ал-Алсад, поздравува секаков чекор што може „да го поплочи патот до мирно решение“.

Противниците на Асад соопштија дека се соменваат за „тајните состаноци и разбирања меѓу Русија, Јордан и Америка за јужниот дел на Сирија, одделен од северниот“.

И опозицијата и сириските претставници учествуваат во мировните преговори денес во Женева.

Претходните рунди мировни преговори, предводени од ОН, не завришија со голем напредок кон прекинување на огнот

Заменикот претставник на ОН за Сирија изјави дека новиот прекин на огнот обезбедил „соодветна атмосфера за денешните состаноци“.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура вели дека гледа „придвижување“ на работите со „вистински ангажман“, и укажа на промена во динамиката од пред неколку години, кога напорите за олеснување на мировните преговори не одеа никаде.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG